Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп оптимист за решавање на конфликтите во Газа и Украина – наскоро најавува договор

/

пред 403 дена

Сподели преку :

Претседателот Доналд Трамп изјави дека е оптимист за решение на конфликтите во Израел и Газа, како и меѓу Русија и Украина. Тој рече дека наскоро очекува договор за Газа и верува дека може да обезбеди ослободување на сите израелски заложници што ги држи Хамас.

Сепак, не откри детали за условите на прекинот на огнот што ги понудил, а Израел засега не потврди.

Хамас преку посредници потврди дека добил некои предлози од САД и ја поздрави секоја иницијатива која вклучува размена на израелски заложници за палестински затвореници.

Меѓувреме, израелската војска продолжува со подготовките за офанзива кон градот Газа.

За војната во Украина, Трамп вели дека е „голема загуба на човечки животи“ и рече дека не е задоволен од случувањата, но верува дека конфликтот ќе биде решен.

Тој очекува во наредните денови да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Русија изврши најголем воздушен напад врз Киев од почетокот на војната, испукувајќи 810 дронови и ракети, од кои украинската одбрана неутрализираше 747 дронови и четири ракети.

Три жртви во големиот руски напад врз Киев