Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Понудата „нула за нула“ царини на ЕУ не е доволна

/

пред 554 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понудата на Европската Унија (ЕУ) „нула за нула“ царини не е доволна. Според него, ЕУ била многу силна низ годините и била формирана за да им нанесе штета на САД во трговијата.

Европската Унија ѝ понуди на администрацијата на Трамп договор за царини „нула за нула“ за автомобили и други индустриски стоки, како што се фармацевтските производи и хемикалиите.

Трамп на новинарите во Овалната соба им рече дека „не е загрижен“ поради тоа што американските трговски партнери се принудени да соработуваат со Кина поради новонастанатата ситуација, додавајќи дека тие сакаат да бидат во рацете на САД, а не на Кинезите.