Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Потешко ќе ми биде со Киев, иако картите се кај Москва

/

пред 591 дена

Сподели преку :

Можност за воведување на големи банкарски санкции и царини кон Русија, најави американскиот претседател Доналд Трамп. Порача и дека Украина мора „да ја спушти топката и да заврши работа“, иако истакна дека потешко ќе му оди со Киев во напорите за мир, отколку со Москва. Повтори дека Русија ги има картите во раце и оти му верува на неговиот руски колега Владимир Путин е сериозен во намерите за крај на крвопролевањето.

На објавата на Трамп, се огласи Марија Захарова. Портпаролката на руското МНР порача дека ниту една санкција нема да ја одврати Москва од зацртаните цели во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, повтори дека сака да седне на преговарачка маса што е можно поскоро. Пред претстојните разговори меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија наредната недела, тој нагласи оти нема намера да му се извини на Трамп за жестоката дискусија во Белата куќа при неговата последна посета на Вашингтон.

Лидерите на Унијата се обврзаа да работат заедно за зајакнување на одбраната на континентот и да ослободат стотици милијарди евра за безбедност во време кога американскииот претседател Доналд Трамп го разниша трансатлантското партнерство. На вчерашниот специјален самит во Брисел, тие разговараа за Украина и за безбедноста на континентот, откако Соединетите Американски Држави ја укинаа помошта за Украина. Промената во надворешната политика на претседателот Трамп ја поткопа 80-годишната соработка дека САД ќе помогнат во заштита на европските нации по Втората светска војна.

Сашко Димовски