Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп потпиша извршна наредба со која се рекласифицира марихуаната како помалку опасна дрога

/

пред 299 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе го олесни пристапот до канабис, долго очекувана одлука која претставува значајна промена во американската политика за наркотици во децении.

Со оваа наредба, на американскиот јавен обвинител му се дава насока да го рекласифицира канабисот од наркотик од прва класа во наркотик од трета класа, во иста класа како тајленол (парацетамол) со кодеин.

Канабисот ќе остане илегален на федерално ниво. Но со неговата класификација како наркотик од трета класа ќе се овозможи посеопфатна истражување на потенцијалниот бенефит од употреба на канабисот.

Според новата класификација на марихуаната, како наркотик од трета категорија, има мал до умерен потенцијал за создавање физичка и психолошка зависност.

Покрај рекласификацијата на канабисот, Трамп им нареди на официјалните претставници на Белата Куќа да соработуваат со Конгресот за да им овозможат пристап на дел од американците до канабидиолот  (една од состојките на канабисот, но без психоактивно дејство).

Како дел од новата програма, која е дел од наредбата, дел од корисниците на Медикејд (здравствена програма за дел од најсиромашните американци), на лекарска препорака ќе можат да користат канабидиол (CBD).

Во последните години, мнозинство од американските држави одобрија употреба на канабисот за некаква медицинска употреба а речиси половината од нив, 24, ја легализираа употребата на марихуаната за рекреативни цели.

Но, од 1971-та година, канабисот беше наркотик од прва категорија, што значи дека нема никаква прифатена медицинска употреба, но и висок потенцијал да биде злоупотребуван.

Дополнително, истражувањата на јавното мислење покажуваат дека мнозинство од американците ги поддржуваат напорите за легализирање на марихуаната.

Анкета на Галуп, објавена во ноември, утврди дека 64 проценти од американците сметаат дека марихуаната треба да биде легализирана.

Никола Илиевски