Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: САД ќе биде “најлошиот кошмар“ на Иран и ќе продолжи да го бомбардира се додека тие не се откажат од нуклеарните амбиции

/

пред 194 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп, порача дека американските напади врз Иран ќе продолжат „непречено и непрекинато“, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со „најлош кошмар“ доколку не се откаже од нуклеарните амбиции.

На првиот состанок на кабинетот од почетокот на војната со Иран, Трамп изјави дека Иран има „шанса да избере нов пат“, но дека ако тоа не го стори ќе следи уште поинтензивна воена акција.

„Ќе продолжиме да ги бомбардираме непречено и непрекинато. Нема ништо што можат да направат“, рече тој, нагласувајќи ја супериорноста на американската воена моќ.

Трамп истакна дека текот на конфликтот ќе зависи и од исходот на тековните разговори со Иран, за кои рече дека се одвиваат зад сцената. Сепак, не даде јасен одговор дали ќе се придржува до претходно најавениот рок за одлука, додавајќи дека „има многу време“.

Паралелно, тој откри дека Иран дозволил премин на неколку нафтени танкери низ Ормускиот теснец, што го оцени како „гест на добра волја“, но потенцираше дека тоа нема да влијае врз подготвеноста на САД за понатамошни напади.

Во однос на глобалната енергетска криза, Трамп нагласи дека САД имаат доволно сопствени ресурси, иако призна дека блокадите на Теснецот влијаат врз светските цени на нафтата, кои бележат значителен раст.

Потпретседателот Џ.Д. Венс на состанокот изјави дека иранската конвенционална војска е „ефикасно уништена“, додека државниот секретар Марко Рубио оцени дека американската интервенција претставува „услуга за светот“.

Трамп воедно упати критики до НАТО, велејќи дека е „разочаран“ од недоволната поддршка за обезбедување на Ормускиот теснец и предупреди дека САД „ќе се сетат“ на однесувањето на сојузниците.

Т.Д.