Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа изјави дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
Според него токму тие ја вовеле земјата во војната во Украина и сега не можат да ја извлечат. САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе“, изјави Трамп.











