Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на САД би им дал оценка „15 од 10“ за начинот на кој се справуваат со војната против Иран.
Говорејќи на настан во Белата куќа посветен на вештачката интелигенција, Трамп рече дека САД „се снаоѓаат многу добро на воениот фронт“.
Тој објасни дека доколку некој би го прашал како би ја оценил американската воена операција на скала од 1 до 10, на што одговорил „околу 15“.
Според него, се постигнува „огромен напредок“ во операцијата „Епски бес“. Трамп додаде дека, САД биле „туркани настрана 47 години, а тоа не требало да се случува“.
Тој исто така изјави дека во Иран оние кои сакаат да станат лидери по смртта на врховниот лидер Али Хамнеи „завршуваат мртви“.











