Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

/

пред 640 дена

Сподели преку :

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп  денеска објави дека одлуката на Врховниот суд да ја потврди забраната за ТикТок треба да се почитува, но тој „мора да има време“ да одлучи дали да ја спроведе.

„Одлуката на Врховниот суд беше очекувана и сите мора да ја почитуваат. Мојата одлука за TикТок ќе биде донесена во не така далечна иднина, но мора да имам време да ја разгледам ситуацијата, објави Трамп на својата платформа за социјалните медиуми Truth Social.

ТикТок во САД има над 170 милиони корисници.