Американскиот претседател, Доналд Трамп, апелираше до Куба да „направи договор“ или да се соочи со последиците, предупредувајќи дека приливот на нафта и пари од Венецуела сега ќе запре.
Трамп го пренасочува своето внимание кон Куба откако американските специјални сили го заробија лидерот на Венецуела, Николас Мадуро, во операцијата од 3-ти јануари во Каракас.
Според некои проценки, Венецуела, долгогодишниот сојузник на Куба, дневно на властите во Хавана, кои се под американски санкции, им испраќа до 35 000 барели нафта дневно.
„Куба преживуваше, долги години, со огромните количини НАФТА и ПАРИ од Венецуела. За возврат, Куба обезбедуваше „безбедносни услуги“ за последните двајца диктатори од Венецуел, НО НЕМА ПОВЕЌЕ“- напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Но, шефот на американската држава не прецизираше што подразбира под договор со Куба, ниту пак со какви точно последици би се соочиле властите во Хавана.
Но, министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Родригез, изјави дека дека неговата држава „има апсолутно право да увезува нафта“ од секоја земја извозник, без да биде изложена на притисок или да мора да ги прифати унилатералните мерки на присилба од Соединетите држави.











