Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп за успехот на „ДипСик“: Ова е повик за будење за САД

/

пред 630 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека изненадувачкиот успех на кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик на американскиот пазар треба да послужи како „повик за будење“ за американските компании.

Тој истакна дека американските индустрии треба да се фокусираат на развојот на вештачка интелигенција за да се натпреваруваат со Кина.

Популарноста на ДипСик доведе до пад на акциите на водечките американски технолошки компании како Нвидиа и Мајкрософт, додека истовремено го покрена прашањето за иднината на американските модели за вештачка интелигенција.

Трамп го истакна ова како поттик за иновации и изнаоѓање поевтини решенија во САД.

Далеку поевтиниот модел на вештачка интелигенција на кинеската DeepSeek ја урна вредноста на американските гиганти