Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Заленски „нема ништо додека јас тоа не го одобрам“

/

пред 290 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на очекуваниот утрешен состанок со Володимир Зеленски, кој треба да го претстави украинскиот план за постигнување мир, за Политико изјави дека украинскиот претседател „нема ништо додека тој тоа не го одобри“.

Се очекува Зеленски утре во 15 часот по локално време да се сретне со Трамп на Флорида. На новинарите Зеленски им изјави дека со себе носи нов мировен план од 20 точки, според весникот.

Рамката вклучува предложена демилитаризирана зона, а се очекува состанокот да се фокусира на безбедносните гаранции на САД.

Сепак, во интервјуто, пишува Политико, Трамп беше умерен кон најновиот обид на Зеленски и не брзаше да го поддржи предлогот на украинскиот претседател.

– Нема ништо додека јас тоа не го одобрам. Па ќе видиме што има, рече Трамп.

Тој сепак верува дека би можел да има продуктивен состанок овој викенд.

Б.С.