Владата доцни со мерките, ако инфлаторниот бран започна на крајот на февруари, имаме три пати зголемување на нафтата, постојано во тој период се зголемуваа цените на основните прехранбени производи во маркетите, цената на маслото, на овошјето на месото, на јајцата, покажува дека вчерашната мерка на владата за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти е задоцнета и недоволна, истакна, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Треба сетна мерки кои би се донеле за да може да се заштити животниот стандард на граѓаните“, додаде Тренчевска.
Според неа, само со една мерка, намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти, не може да се постигне ефект за заштита на стандардот на граѓаните.
„Затоа ние минатата недела ги поднесовме предлог измените и дополнувањата на законот за намалување на ДДВ на горивата на 5 проценти, намалување на ДДВ на храна за 0 проценти, за оние основни прехранбени производи, намалување на акцизата за 4 денари и преполовување на патарините, како сет на мерки кои навистина би го заштитиле животниот стандард на граѓаните во овој момент, но би ги заштитиле и приватниот сектор и земјоделците“, посочи Тренчевска.
С.Д.











