Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трет ден кампања од Локалните избори

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Кандидатите за локалните избори денеска го одбележуваат третиот ден од кампањата со бројни активности, митинзи и средби со граѓаните ширум земјата. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во повеќе општини, меѓу кои Конче, Демир Капија, Неготино и Кавадарци. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде присутен во Конче, Кичево и Македонски Брод, додека Движење ЗНАМ ќе одржи голема промотивна конвенција на Градскиот плоштад во Куманово. Во Скопје, кандидатката за градоначалничка од редовите на СДСМ, Каја Шукова, денеска ќе даде изјава за медиуми во општина Аеродром, додека независниот кандидат за градоначалник д-р Горан Марковски, поддржан од групата „Независни заедно“, ќе одржи прес-конференција на тема капиталниот проект за изградба на пречистителна станица за градот Скопје. Изборната кампања, која започна во понеделник, ќе трае до 17 октомври на полноќ, по што следува 24-часовен молк пред денот на гласање, кој е закажан за 19 октомври. Доколку има потреба, вториот изборен круг ќе се одржи на 2 ноември. Овогодинешните локални избори се осми по ред од независноста на Македонија и четврти на кои се избираат градоначалници и советници во 80 општини, вклучувајќи го и Градот Скопје.