Стотина беровци денеска го блокираат патот кој води кон езерото, а до хотелите и вилите можеше само да се стаса пеш.
Третиот протест на сопственици на шуми и земјоделци доаѓа откако вчерашните разговори со ресорните министерства не дадоа конкретни заклучоци и исполнување на нивните барања, да се тргне одлуката за заштитено подрачје. Според институциите заштитата на ова подрачје не може да се тргне но ќе им биде дозволено да работат како и досега согласно постојниот Закон за шуми.
Малешевскиот регион од попладнево се полни со туристи за велигденските празници, блокадата ги затекна гостите.
Членовите на Здружението на сопственици на недвижен имот во „Малешево“ најавија дека ако нема решение повторно ќе излезат на протести, а дали во сабота ќе застанат на патот кон Беровското езеро или регионалниот пат дополнително ќе информираат.
Викторија Јованова











