Струмичани не веруваат дека чешмата на патот кон Добрејци не е исправна за пиење. Иако од утрово Центарот за јавно здравје ја објави информацијата и истакнаа информација на самата чешма, на местото има редици луѓе кои чекаат да наполнат резерви со вода за своите домови.
Велат, со години пиеле од чешмата и сметаат ека оваа информација е манипулација, а не вистина од надлежни институции.
Трета седмица струмичани се снаоѓаат за вода за пиење, откако Агенцијата за храна и втеринарство забрани да се пие водата од градскиот водовод.
Купуваат, полнат од природни извори или други општини. Но, не се откажуваат и од изворите за кои сметаат дека се чисти и безбедни.
Последнит информации од струмички Комуналец се дека нивото на манган во водата опаѓа и се очекува набрзо параметрите да бидат во границата на нормала, односно водата да биде безбедна за употреба за готвење и пиење.
Поради истиот прболем не се пие водата и во Василево.
Сузана Мицева











