Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три фирми заинтересирани за новиот тендер за компресорска станица

/

пред 778 дена

Сподели преку :

Три фирми биле заинтересирани за вториот тендер за набавка на нова компресорска станица дознава Телма, а останува неизвесно колку од нив од понеделник ќе достават документација.

Тендерот е објавен во понеделникот, а министерот е оптимист дека  инсталација на новата компресорска станица ќе заврши до крајот на годината.

Операционите сали во хируршките клиники со месеци работат со надворешни компресори, кои се преодно решение до поставувањето на новиот компресорски систем.

Инаку и на претходниот пропаднат тендер на увид беа две фирми, но подоцна никој не се пријави на тендерот. Драмата со системот на компримиран воздух на скопска хирургија трае од средината на мај, кога операционите сали беа затворени откако се појавила непозната миризба во салите.

На почетокот на јуни, салите беа повторно отворени но не се користеше системот за компримиран воздух, туку надворешни компресори, a беа повикани и германски експерти.

Симона Петровска