Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три лица повредени во Белград од возач на автомобил додека се подготвувале да заминат на протест

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Две жени и еден маж се повредени во Белград од страна на возач кој намерно удрил во нив додека се подготвувале да заминат на протест во центарот на градот. Лицата се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, и констатирани полесни повреди, соопшти МВР на Србија.

Веднаш по инцидентот, полицијата го пронашла и привела лицето, кој со автомобил БМВ удрил три лица во населбата Чукарица во Белград.
При приведувањето тој „даде активен отпор, по што полицијата го совлада“, соопшти МВР на Србија.