Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три петгодишни деца се повредени во напад со нож во Швајцарија

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Денеска попладне швајцарската полиција добила дојава за инцидент во кој маж вооружен со нож нападнал деца кои оделе во градинка во Цирих.

Како што соопштува полиција, осомничениот кој веќе е уапсен, повредил три петгодишни деца, кои ненадејно ги нападнал со нож, а кои биле дел од групата која била на пат кон градинката заедно со жената која работела во установата.

Работничката во градинка со помош на уште еден маж брзо го совладала напаѓачот и го држела додека не дојде полицијата.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е 23-годишен кинески државјанин, објави Асошиејтед прес.

Во болниците се пренесени три петгодишни момчиња, едно со тешки и две со умерени повреди, се наведува во полициското соопштение. Полицијата не соопштува детали за можниот мотив за нападот.