Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три жени од Тиквешијата мета на телефонска измама

/

пред 236 дена

Сподели преку :

Три жени од Тиквешијата биле мета на измамници во период од неколку дена, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во два од случаите на повозрасни жени им било барано да обезбедат по 20.000 евра за наводна итна операција на нивни внуки, додека во третиот случај кавадарчанка била измамена за речиси 3.000 евра при договарање на заеднички бизнис, кој не бил реализиран.

Една од измамените жени раскажа дека добила повик од лице што се претставило како директор на болница во Велес, со објаснување дека внуката доживеала несреќа и треба итна операција.

За да изгледа убедливо, во позадина слушала жена што плачела, за која ѝ било кажано дека е снаата на жртвата.

Парите не биле предадени, но состојбата предизвикала стрес и траума. Од полицијата истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и спроведуваат превентивни активности за едукација на граѓаните.

Апелот до јавноста е да не подлегнува на паника, да не носи одлуки под притисок и секој сомнителен повик да го пријави во најблиската полициска станица.