Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца израелски спортисти добиле смртни закани во Париз – француската полиција отвори истрага

/

пред 815 дена

Сподели преку :

Француската полиција отвори истрага за смртни закани кон тројца израелски спортисти на Олимписките игри во Париз, објавија попладнево од канцеларијата на главниот државен обвинител.

Официјални лица кои се занимаваат со борба против сајбер криминалот ги истражуваат и информациите според кои во петокот на социјалните мрежи биле објавени лични податоци на спортисти и побараа нивно повлекување, додадоа обвинителите.

Израелскиот министер за надворешни работи го предупреди неговиот француски колега во четвртокот за можна завера, која ја поттикнува Иран, со цел напад врз израелски спортисти и туристи за време на Олимписките игри.

Израелските спортисти ги придружуваат елитни тактички единици, кога одат на натпреварувања и се враќаат во родната земја. Тие имаат 24-часовна заштита за цело време на Олимпијадата. Во обезбедувањето на израелските спортисти помага и израелската безбедноста служба Шин Бет.