Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца мртви, еден ранет, убиецот во бегство – пукање во Австралија

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Три лица се убиени, а едно е рането во пукање што се случи во градот Лејк Карџелиго во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Според полициското соопштение, итните служби биле повикани на адреса во градот по дојава за пукање. На местото на настанот биле затекнати три мртви лица од кои две жени и еден маж. Уште еден маж е пренесен во болница во тешка, но стабилна состојба.

Напаѓачот и натаму е во бегство, а полицијата на терен испрати вооружени специјалци. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат таа област, а локалните жители да останат во своите домови.

„Сиднеј Морнинг Хералд“ пишува за сомнежи оти станува збор за напад поврзан со семејно насилство. Друг медиум јавува дека напаѓачот избегал со возило кое е во сопственост на локалните власти.