Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тројца странски работници од Бангладеш и Непал утринава загинаа на експресниот пат Штип-Радовиш

/

пред 394 дена

Сподели преку :

Тројца странски работници од Бангладеш и Непал утринава загинаа на експресниот пат Штип-Радовиш, откако комбито во кое се превезувале излетало од мостот на Балталиска река. Во несреќата повредени се и еден 24 годишен странски работник и 35 годишниот возач на комбето со струмички регистерски таблички од селото Иловица.

Од штипската Клиничка болница информираа дека двајцата повредени во вонживотна опасност.

„Во Клиничка болница Штип утрото се донесени со брза помош двајца пациенти повредени во сообракајна незгода. Едниот е патник, странски државјанин на 24 години што по направените иследувања се детектирани скршеници на три ребра по што е хоспитализиран на хируршкиот оддел на болницата. Возачот по направените иследеувања е примен на ортопедија во стабилна состојба со потрес на мозокот, скршеница на потколеница и скршеница на скапула“, велат од Клиничка болница-Штип.

Јавен обвинител од Штип изврши увид на местото на несреќата и се преземаат дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.

Викторија Јованова