Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Труење со храна во работничката менза или вирусна инфекција – 81 вработен во РЕК Битола со стомачни тегоби

/

пред 196 дена

Сподели преку :

Над 80 вработени во РЕК Битола ноќеска и во текот на денешниот ден побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, а инспекциите веќе проверуваат дали се затруле со храна по вечерата во работничката менза.

„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма. На одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, вели д-р Хараламбос Сидиропулос, инфектолог во Клиничка болница Битола. 

Комбинатот, пак, демантираше дека има масовно труење, откако локалната организација на СДСМ објави дека половина од вработените во Рудникот не се појавиле на работа, тврдејќи дека се затруле од оброкот синоќа.

„Како превентивна мерка, лицата се упатени на дополнителни прегледи во Клиничката болница Битола. Во моментов не може да се утврди дали станува збор за труење од храна или вирусна инфекција. Конечните резултати ќе бидат познати по инспекцискиот надзор“, соопштија од РЕК Битола.

Кујната во РЕК Битола беше повторно отворена во септември минатата година, по долгогодишна пауза, а со неа управува ЕСМ Молика.

Емилија Мисирлиевски