Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тупанчевски оставката ја поднел на 10 февруари, а правно мислење за еврообврзницата му било побарано пет дена потоа

/

пред 1337 дена

Сподели преку :

Веќе разрешениот министер за правда Тупанчевски со соопштение до јавноста вели дека тој оставката ја поднел на 10. февруари, а правно мислење за еврообврзницата му било побарано пет дена потоа, односно на 15. февруари.

Собранието оставките на Тупанчевски и на неговиот заменик Нухиу ги констатираше на во понеделникот на 13. февруари.

Телма веќе информираше дека без мислење од министерот за правда процесот за еврообврзница се враќа на почеток.

Каматата за еврообврзницата која пропаѓа беше 6,5% а најголемиот дел од средствата беше наменет за покривање на стари долгови. Можностите за поповолна камата се исклучени, вели за Телма поранешниот министер за финансии Хајредини.

  • „Ќе се повторат преговорите и напорите за издавање нова, друга еврообврзница, меѓутоа изгледите дека можеме да најдеме со поповолна камата се исклучени, имајќи предвид со што се соочува актуелната влада овие денови. Да очекуваш дека може да најде со пониска каматна стапка, тоа е незамисливо. Ќе дојдеме во уште потешка ситуација, како што гледаме, овие пари требаше да се користат за плаќање на стасани обврски од порано.“ – вели Хајредини.

Според Хајредини ова може да предизвика дополнителна финансиска криза која ќе се продлабочува со се поголемото одолговлекување на изборот на новите министри.

Еврообврзницата ќе чека назначување на нов министер за правда – ова може да предизвика дополнителна финансиска криза