Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција се подготвува за доброволно враќање на 1 милион од сириските бегалци

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Турција подготвува нов проект што ќе овозможи доброволно враќање на еден милион сириски бегалци во нивната земја, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.

Проектот ќе се реализира наскоро со поддршка на националните и меѓународните невладини организации, рече Ердоган на церемонијата за инаугурација на новите куќи изградени во Идлиб во северна Сирија.

Ердоган присуствуваше на церемонијата преку видео-врска.

Тој рече дека „откако Турција ги започнала своите прекугранични операции во 2016 година, околэ 500.000 Сиријци се вратиле во безбедните зони во северна Сирија“, пренесе Анадолија.