Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција поднесе барање за членство во БРИКС

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Турција и формално побара членство во БРИКС, за да го засили своето глобално влијание и да изгради нови врски, покрај традиционалните западни сојузници, пренесе Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори. За кандидатурата на Турција би можело да се расправа при крајот на октомври во Казањ.

Ставот на администрацијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е геополитичкото тежиште се оддалечува од развиените економии, велат извори за Блумберг.

„Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја ако истовремено ги унапреди своите односи со Истокот и со Западот. Било кој друг метод, нема да биде од корист на Турција, но ќе биде штетен“, рече Ердоган за време на викендот.

Како што наведува Блумберг, одлуката на Турција да пристапи на БРИКС делумно доаѓа поради извесните заладени односи со Западот, ситуција која настана по одлуката на властите да останат во добри односи со Русија.

Дел од БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Етиопија и Египет, а покана за членство има Саудиска Арабија.