Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција со последни подготвки за официјална посета на Папата

/

пред 330 дена

Сподели преку :

Турција се подготвува за посетата на Папата Лав Четиринаесетти на земјата помеѓу 27 и 30 ноември, каде што Папата ќе ги посети Анкара, Бурса и Истанбул. Ова ќе биде прва апостолска посета во странство на поглаварот на Римокатоличката црква од неговиот избор на оваа функција во мај оваа година. По Турција, Папата ќе го посети и Либан, каде што ќе остане до 2 декември.

Иако поводот за посетата на Папата е прославата на 1700-годишнината од Првиот Вселенски собор во Никеја (денешен турски град Изник), официјалната програма на Неговата Светост Папата Лав Четиринаесетти вклучува и средби со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и други турски функционери.