Tуристка се здобила со сериозни повреди откако вчера паднала во незаштитена дупка на градилиште на улицата Партизанска во Охрид.
Според очевидци, несреќата се случила додека жената се движела по тротоарот во близина на градилиштето.
Поради тежината на повредите, жената веднаш била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ е укажана медицинска помош, објави порталот „Охрид1“.
Засега не се објавени детали за нејзината здравствена состојба.
Надлежните сè уште не излегоа со официјално соопштение за околностите на несреќата, а јавноста бара одговорност и поголема безбедност околу градилиштата, особено во фреквентни туристички подрачја.











