Дваесет и тригодишна девојка е повредена попладнево во пукотница во центарот на Сараево, поточно во Башчаршија. Осомничен за инцидентот е 30-годишен маж кој е уапсен од полицијата.
Според портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Кантон Сараево, пукањето се случило околу 16:30 часот. Притоа девојката се здобила со повреди во десната потколеница и веднаш е хоспитализирана на универзитетскиот Клинички центар во Сараево.











