Директорот на државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев (41) вечерва е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални информации велат дека Анакиев, кој раководи со Инспекторатот од 2024 година, е фатен при примање поткуп од околу 50.000 евра.
Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција. Официјални информации од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на ноќта или утрешниот ден.











