Првиот офицер на патничкиот хрватски катамаран „Крило Еклипс“ е уапсен и е осомничен дека го предзивикал судирот со едрилицата во која загинаа 4 лица. Несреќата се случи помеѓу Брач и островот Шолта. Едрилицата, долга околу 14 метри, потона на длабочина од 50 или 60 метри.
Од полицијата изјавија дека постои основано сомнение дека 33-годишникот сторил кривично дело против безбедноста во сообраќајот – загрозување на посебни видови сообраќај. По завршувањето на истрагата, најверојкатно ќе му биде одреден притвор.
Според неофицијални информации, обвинителството го обвинува за свесно, односно намерно кршење на прописите за безбедноста на поморскиот транспорт, а со оглед на трагичните последици –смртта на 4 лица, на 33-годишникот му се заканува исклучително висока казна.











