Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен Питер Манделсон во истрага отворена по објавувањето на дисејата на Епстин

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Британската полиција го уапси доскорешниот амбасадор на Обединетото кралство во САД, Питер Манделсон, како дел од истрагата за злоупотреба на службената положба која произлезе од објавувањето на досиејата на Џефри Епстин.

Истрагата беше отворена поради сомнежот кој се појави со објавувањето на документите на Епстин, односно, дека Лордот Манделсон му пренел чувствителни информации на осудениот педофил додека извршувал високи функции во претходните влади на Лабуристите.

Манделсон е втората високо профилна личност, по поранешниот принц Ендру, која е уапсена во Велика Британија како индиректен резултат од информациите кои се содржеа во објавените документи на Епстин.