Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен поранешен НБА кошаркар – Шон Кемп пукал во автомобил на паркинг пред шопинг центар

/

пред 1314 дена

Сподели преку :

Поранешниот американски кошаркар Шон Кемп (53) уапсен е ноќеска поради пукање во градот Такома во американската сојузна држава Вашингтон, пренесува „Ројтерс“.

Локалните медиуми наведуваат дека Кемп пукал во друг автомобил на паркинг на еден шопинг центар, бидејќи, наводно, се расправал со друг возач. Инцидентот се случил во средата околу 14 часот по локално време, а полицијата го уапсила Кемп четири часа подоцна, откако го пронајде пиштолот на лице место.

Кемп беше избран од екипата на Сиетл како 17 пик на НБА драфтот во 1989 година. Покрај за „суперсоникси“, тој во кариерата играше и за Кливленд, за Портланд и за Орландо. Кемп настапи и на шест Ол-стар натпревари, трипати беше избран во втората петорка на НБА лигата и бележеше по 14,6 коша во просек по натпревар.