Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсенo лице од Прилеп осомничено за подметнување пожар

/

пред 803 дена

Сподели преку :

Службеници на ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар.

Тој вчера во раните утрински часови запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели.

Полициските службеници околу 09 часот го затекнале како се обидува да го изгаси пожарот кој излегол од контрола.

При службен разговор го признал делото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од СВР Битола.