Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја повика Европската Унија да интервенира и да ја убеди Украина да дозволи транзит на руски гас низ земјата, посочувајќи дека европските земји не само што директно го поддржуваат Киев, туку ја плаќаат и економската цена, воведувајќи санкции против Русија.

Орбан тврди дека санкциите против Русија ја чинеле неговата земја дури 19 милијарди евра, не откривајќи како дошол до таа пресметка. Неговата изјава доаѓа непосредно пред одлуката за продолжување на санкциите и навестува можно вето од страна на Унгарија.

Орбан е единствениот од европските лидери за кој се смета дека сѐ уште е во добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, а во исто време е и најгласниот противник на санкциите против Русија.