Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиецот на четворицата млади студенти од Ајдахо осуден на доживотен затвор

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Брајан Кохбергер, кој со убоди со нож , уби четири млади лица, студенти на Универзитетот во Ајдахо во 2022-та година, беше осуден денеска на доживотна казна затвор без можност за помилување.

Студентите Кајли Гонсалвес, Итан Чапин, Зана Кернудл и Мадисон Моген беа убиени во куќата во која биле сместени во градот Москва, американската сојузна држава Ајдахо.

При изрекувањето на пресудата, Судијата изјави дека убиецот е кукавица кој бесчувствително ги одзел четирите млади човечки животи.

Кохбергер одби да зборува во судот, со што одговорот на прашањето за мотивот на убиството ќе остане засекогаш мистерија.

Сепак, убиецот ја избегна смртната пресуда затоа што ја призна вината за убиствата.

Полицајците кои го истражуваа случајот соопштија дека не успеале да утврдат зошто Кохбергер ги убил студентите, ниту пак во рамки на истрагата откриле каква било поврзаност меѓу Кохбергер и неговите жртви.

Пред да биде изречена пресудата, родителите, браќата и сестрите на убиените млади лица дадоа емотивни изјави за претрпената ненадоместлива загуба.