Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мексико во пламен – убиен Ел Менчо, водач на Картелот на новата генерација за кого САД распишаа награда од 15 милиони долари

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Немесио Рубен Осегуера Сервантес алијас Ел Менчо, водач на Картелот на новата генерација, е убиен во престрелка со припадници на федералната полиција на Мексико. Убиството се случило во околинатга на градот Тапала, по што криминалците го блокираа сообраќајот на 28 точки во сојузната држава Халиско, палеа автомобили и автобуси и пукаа кон полицијата. Накратко беше затворен и аеродромот во градот и откажани четири натпревари во мексиканската фудбалска лига.

Ел Менчо со години важеше за најмоќен криминалец во Мексико, а неговите војници „сикариоси“, се одговорни за исчезнување на најмалку 15.000 луѓе

Американците распишаа потерница за него и понудија награда од 15 милиони долари.

Крвавите драми се мексиканско секојдневие веќе две децении, по одлуката на властите да им застанат на пат. Од тогаш во борбите настрадаа околу 120.000 луѓе, а 137.000 се водат како исчезнати. Само во 2020 година беа убиени 34.600 луѓе и регистрирани 604 милиони кражби.