Еден наставник е избоден со нож, а неколку лица се повредени кога вооружен напаѓач влезе во средно училиште во францускиот град Арас. Напаѓачот пред да ги стори делата извикал „Алаху акбар“.
Нападот се случил утрово во средното училиште Гамбета. Напаѓачот и неговиот брат веднаш биле уапсени. Според француски „Фигаро“, станува збор за лица со чеченско потекло.











