Едно лице е убиено, а шестмина се повредени од кои тројца во животозагрозувачка состојба, откако маж со нож избоди шест лица во трговски центар во италијанскиот град Милано.
Полицијата за нападот уапси 46-годишен Италијанец.
При неговиот крвав поход животот го изгубил работник во супермаркет кои им подлегнал на повредите на пат кон болница.
Мотивот за нападите не е познат.
Италијанските власти соопштија дека нема елементи што укажуваат на тероризам.
Меѓу повредените е и шпанскиот фудбалер Пабло Мари, кој е позајмен во клубот Монца од Серија А од Арсенал.











