Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство во САД: Убиен директорот на најголемата приватна осигурителна компанија во САД

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Директорот  на американската компанија за здравствено осигурување „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, е убиен на улица во Њујорк. Педесетгодишниот Томпсон е застрелан во градите околу седум часот по локално време пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн, каде што требало да биде говорник на конференција.

Томпсон бил превезен во болница, каде што бил прогласен за мртов, кажаа властите.

„Напаѓачот избегал од местото на пукањето и по него се трага. Тој го чекал надвор, а носел скијачка маска и крем јакна“, објави полицијата на Њујорк.

Истражителите кажаа дека има видео снимки од нападот, но мотивот засега не е познат, додавајќи дека од убиениот ништо не било одземено.

Томпсон беше назначен за извршен директор на „ЈунајтедХелткер“ во 2021 и имал годишна плата од 10,2 милиони долари. „ЈунајтедХелткер“ е најголемата приватна осигурителна компанија во САД и најголема за здравствено осигурување во светот.