Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Учениците кои заминаа на едукација во Турција се на пат кон Македонија и никој од нив не е тешко повреден

/

пред 1352 дена

Сподели преку :

Требаше да започнат едукација  на 4 февруари во Турција, но вчерашниот катастрофален земјотрес ги враќа назад во Македонија. Осумтемина ученици од Западна Македонија кои учеа во гостиварско средно училиште , а тргнаа на младинска размена преку невладина организација, присилени од несаканите околности што ги направи природната катастрофа на југоистокот од Турција, по пристигнувањето на наш дипломат од амбасадата од Анкара на лице место, од ноќеска се на пат кон Анкара. Таму ќе останат вечерва, а потоа со автобус ќе тргнат од Истанбул кон Скопје.Сите се во добра здравствена состојба и на безбедно. Едниот од нив на кој му бил повреден екстремитет во земјотресот е прегледан, а повредата е имобилизирана. Оваа денешна информација од министерот за надворешни работи Османи  се разликува од вчерашната што ја кажаа од МНР дека се работи за два повредени ученика , од кои едниот потешко и дека му била извршена хирушка интервенција.

Првично кога не се знаеше каков ќе биде исходот од лекарскиот преглед, се сметаше дека е со тешка телесна повреда. Меѓутоа, после направените испитувања се покажа дека нема потреба, нема скршеници и нема потреба од никаква интервенција. Само потреба од имобилизација на екстремитет, изјави министерот Османи.

Поради претрпената траума од земјотресот, по стигнувањето во земјава, учениците ќе бида соодветно третирани, дополни Османи. Учениците кои заминаа на едукација во Турција се од општините Гостивар, Тетово и Маврово и Ростуше. Тие заминаа на едукација преку програмата „ Еразмус плус“, што се реализира преку турската Агенција за образовни програми. За тоа Телма доби потврда од нашата Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Но , иако преку нашата агенција се обидовме да стапиме во контакт со роднини на учениците кои ги придружуваат на патот од Турција кон Македонија, никој од нив не сакаше да даде изјава.

Сотир Трајков