Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Училиштата од здравствените струки исклучени од конкурсот за стипендии, медицинските училишта реагираат на дискриминација

/

пред 1074 дена

Сподели преку :

Средните медицински училишта во земјава, кои имаат дуални паралелки денеска реагираа за укинувањето на правето за стипендирање на учениците од здравствените струки, кои се запишани во нив.

Сто и седумдест ученици во прва година во средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, но и во сите останати медицински училишта во земјава се дискриминирани, бидејќи Министерството за образаование и наука ги укинува стипендиите за овие ученици во дуалните паралелки и тоа само за здравствените струки, истакна на денешната прес-конференција директорката на СОУ „Јане Санденски“, Марија Николиќ.

Посочи дека на огласот за конкурирање на стипендии за ученици во дуалните паралелки стои дека огласот важи за сите училишта, освен за училиштата во здравствените струки.

Николиќ истакна дека по воведувањето на дуалното образование во учебната 2018-2019 година сите средни стручни училишта, меѓу кои и медицинските направија големи реформи, со воведување и на 40% повеќе пракса за учениците.

Најавија претставки до Народниот правобранител и надлежните Комисии за дискриминација и борба против корупција. Во Гостивар денеска пак на протест излегоа учениците во прва година.