Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Укинат притворот на Шабан Салиу

/

пред 514 дена

Сподели преку :

Штипска апелација му го укина притворот на Шабан Салиу, министер без ресор и поранешен директор на ДЗС, кој е еден од осомничените во истрагата за трагедијата во Коачни.

Судот му определи мерки на претпазливост.

Ваквата одлука следува по неговата жалба. Претходно од притвор излезе и поранешниот минстер за економија Крешник Бектеши, кој сега е во куќен притвор.

Јавниот обвинител Коцевски најави дека истрагата ќе јаз аврши за десетина дена по што се очекува да поднесе обвинение.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 68 физички и три правни лица.