САД ќе укинат над 90 проценти од програмите за странска помош на УСАИД во висина од 58,4 милијарди долари. Владата на американскиот претседател, Доналд Трамп, плановите за кратењето ги презентираше во интерен меморандум до кој дошла агенцијата Асошиеjтед Прес, но и во поднесоците во една од федералните сужби што ги оспоруваат мерките.
Во меморамндумот се наведува дека официјалните лица чистеле значителен отпад што произлегувал од децениското институционално расфрлање со пари и оти се планирале повеќе промени во начинот на кој УСАИД и Стејт департментот ќе обезбедуваат странска помош за унапредување на американските интереси.
Според најавата, ќе се укинат 5.800 од 6.200 повеќегодишни програми на УСАИД, како и 4.100 од 9.100 грантови.











