Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина: 21 цивил убиен, а 27 ранети во напади во Доњецк за еден ден

/

пред 1615 дена

Сподели преку :

Во руските напади во источниот украински регион Доњецк во вторникот загинаа 21 цивил, а 27 беа повредени, изјави украинскиот регионален гувернер, пренесе Би-Би-Си.

Регионалниот гувернер Павло Кириленко рече дека бројката вклучува десет мртви во фабрика за кокс во градот Авдиивка.

Во објава на Фејсбук, Кириленко рече дека тоа е најголемиот дневен број на жртви во регионот по нападот на железничката станица Краматорск, во кој минатиот месец загинаа 50 луѓе.