Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Украина е подготвена за мир“, Зеленски прифати 30-дневен прекин на огнот – „топката сега е на теренот на Русија“

/

пред 587 дена

Сподели преку :

По долгите деветчасовни преговори Украина прифати ѝ вели дека е подготвена да го прифати предлогот на САД за првичен 30-дневен прекин на огнот со Русија.

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „топката е на теренот на Русите“ и дека тој ќе ја пренесе понудата до Москва.

Таа понуда е за целосен прекин на огнот – „да се запре пукањето“, вели Рубио.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорот на нашите тимови“ денеска во Џеда.

Во видеото Зеленски повтори дека украинската позиција е да се прифати денешниот предлог на САД за прекин на огнот. Тој вели дека тие „го сметаат за позитивно“ и сега „останува на САД“ да ја убедат Русија да се согласи.

„Како важен дел од денешниот разговор беше американскиот договор за продолжување на размената на разузнавачки информации со Украина“, додаде Зеленски и потенцираше дека „Украина е подготвена за мир“.