Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина изврши масовен напад со дронови врз Краснодарската област во Русија

/

пред 609 дена

Сподели преку :

Во Краснодарската област во Русија ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови, при што најмалку едно лице е повредено, а оштетени се 12 куќи. Гувернерот Венијамин Кондратиев го нарече нападот „масовен“, но не наведе повеќе детали.

Според извештаи, Украина ја нападнала рафинеријата за нафта „Илски“, по што избил голем пожар во областа. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили успеале да пресретнат и уништат 90 украински дронови, од кои 24 биле соборени над Краснодарската област.

Овој напад се случува во контекст на зголемени напади од Украина врз руската енергетска инфраструктура. Паралелно Русија ги засили напади во источна Украина, особено околу Покровск, кој е под голем притисок пред руската армија, соопшти украинската војска.