Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров и заменик претседателот Јуриј Ушаков допатуваа во Ријад, каде ќе учествуваат во руско-американските преговори, соопшти министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
Според Ушаков, главна цел на билатералната средба ќе биде почеток на нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп на 13 февруари најави состанок меѓу претставници на САД, Русија и Украина во Саудиска Арабија.











