Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина соопшти дека најмалку 14 цивили се убиени во руските напади на истокот

/

пред 1593 дена

Сподели преку :

Украинската армија соопшти дека руските сили убиле најмалку 14 цивили и раниле уште 15 за време на масовните напади во источните региони Луганск и Доњецк, кои се во фокусот на најновата руска офанзива, објави Ројтерс.

Според објавата на Фејсбук, руските сили користеле авиони, артилерија, тенкови, хаубици и проектили во нивните напади во двете области, од кои многу се контролирани од сепаратисти кои зборуваат руски.

Покрај тоа, украинските власти соопштија дека работниците кои ги расчистувале урнатините на станбена зграда во Мариупол, пронашле 200 тела, пренесе Асошиетед прес.

Телата се пронајдени во подрумот на урнатата зграда, а мирисот на распаѓање се проширил низ населбата, изјави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот. Не е јасно кога биле пронајдени жртвите.