Украинските воздухопловни сили соопштија дека за првпат ги употребиле ловците „Мираж“ кои ги донираше Франција за одбивање на руските напади.
Француските ловци пристигнаа во Украина пред само еден месец, се наведува во објавата на украинското воздухопловство на Телеграм, пренесува „Укринформ“.
Претходно, францускиот министер за одбрана, Стефан Лекорн потврди дека „миражите“ се испорачани на Украина.











